речник контакт

Некс тајм, Лозано, Дарио, Баклава, Синтезис гости на Питијадата

Соопштена програмата на Фестивалот на пастрмалија и вино каде сите учесници се македонски изведувачи. Се бараат волонтери кои ќе помагаат при организацијата на Фестивалот

Петар Печков

Со македонски изведувачи годинава ќе се забавуваат гостите на Фестивалот на пастрмалија и виното, кој во Велес ќе се одржи на 19-ти, 20-ти и 21 октомври.   Променета е локацијата , ќе биде на улица 8-ми септември од плоштад Сармаале до Кружен тек. Организатор е Општина Велес.   

Подготвивме одлична програма, која се надевам дека ќе го привлече вниманието на сите гости не само од Велес, туку и од Македонија и странство. И тоа со далеку помалку средства од лани. Годинава учесниците ќе чинат 24 илјади евра.  Одлучивме учесниците да бидат исклучиво од Македонија без турбо фолк имиња.  Вака ќе ја поддржиме македонската музика.  Стопанска комора и Бизнис заедницата од Велес  ги  понудивме за организација на манифестацијата,  но немаше одѕив - кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски.  

Фестивалот започнува на 19-ти октомври петок попладне, учесници се:   група Виртус од Велес, група Боеми од Битола,  Баклава, Анета и група Молика, Некст тајм и Игор Џамбазов и Харе Гуру бенд.

На 20- ти  сабота учесници се: Велешка чалгија, Нино Величковски со тамбурашите,  Џамбо Агушев со неговиот оркестар, Христина Арнаудова, Влатко Лозановски, Бени Шакири и Нон стоп. 

 Недела на 21 октомври на сцената ќе настапат:   Чалгија и Распеани Велешани,  Чалгија саунд систем, Синтезис, Александра Јанева, Слаткаристика и Дарио. 

Нема да  ја прекинуваме традицијата која во Велес  е подолг период . Бината и озвучувањето се од велешки театар.  Се бараат волонтери кои ќе помагаат при организацијата на манифестацијата, на која  се поканети винарии,  угостители, пекари,  за да бидат учесници на Фестивалот.  Преку ден има можност сите заинтересирани кои сакаат да настапат можат тоа да го сторат, доколку имаат желба, фолклорни групи, танцувачки групи, сите кои сакаат да настапат пред гостите - додаде Коцевски. 

Бината ќе биде поставена на улица 8-ми септември близу фонтаната  а паркингот пред Основен суд  слободен за гостите од другите градови. Привичните долгорочни временски прогнози се дека   ќе има убаво есенско време со дневни температури околу 20 степени и вечерни околу 10, со облаци без дожд. 

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »