речник контакт

Нелегалната сеча на дрвја намалена, зголемен интерес за огревно дрво од ШС Бабуна

Цената е 2350 бука и даб 2450 за метар кубен

Петар Печков

Осетно е зголемен  интересот за набавка на огревно дрво преку Шумското стопанство Бабуна од Велес. Граѓаните кои се греат на дрвја, годинава нив ги набавуваат преку Јавното претпријатие, за разлика од минатите години кога се снабдуваа  од приватните складови.  

Имаме зголемена потрошувачка за дрва, откако е намален приливот на нелегално исечени дрвја за огрев во т.н. диви складови во велешко.  Затоа годинава кај нас  имаме драстично зголемена побарувачка за дрва од лани - вели директорот Горан Наунчев директор на ШС ,,Бабуна,, од Велес.   

Тој објаснува дека нелегалната сеча  не   сопрена,  но е намалена за 60 до 70 отсто. Додава дека дрва има доволно за сите што се заинтересирани. Цената е 2350 бука и  даб 2450 за метар кубен.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »