речник контакт

Нелегалните таксисти бараат да работат со паушал

Министерот Спасовски ги отфрли предлогот и ги посоветува да извадат лиценца

Петар Печков

Нелегалните таксисти во градот побара и тие да бидат дел од системот во сообраќајот. На трибината ,,Во каков Велес сакаме да живееме,, за прв пат во јавноста го објаснија нивното видување за решавање на проблемот. Проценките се дека во градот возат 110 такси возачи без соодветна документација, наспроти 130-те легални таксисти.  

Ако сме нелегални, не сакаме никому да му го земеме лебот. Сакаме и ние да вадиме за живеачка.  Но никако власта да не сослуша и нас. Затоа ја користам оваа прилика да  побарам за нас да се воведе паушал систем.  Велес не е Скопје, Битола или Прилеп, специфичен е и со секое излегување по улиците ги кршиме возилата. Затоа бараме шанса на сите подеднакво да ни се даде да работиме. Одиме по 2-3 пати на сервис со автомобилите.  Не бегаме од давачки, да имаме олеснување, да не бараме работа - кажа учесник на трибината.  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го отфрли барањето.   

Не постои категорија нелегални таксисти или се легални или не постојат. Не можам да се  сложам дека треба да се бара посебна категорија за Велес. Исти се улиците  и за легалните таксисти  и за сите други возачи од градот. Државата не смее да дозволи да се толерира постоење  нелегален такси возач. Во собраниска процедура  е нов закон за возила, кои ќе  го регулира дополнително и такси превозот. Таксистите ќе имаат жолти регистарски таблички, доказ дека ги платиле сите давачки  новина е што и полицијата ќе ги контролира дали има документи, не локалната општинска инспекција. Секој сака да има ред во државата, не можеме да толерирале беззаконие - кажа Спасовски.   

Градоначалникот Коцевски пак  ги повика нелегалните такси возачи да дојдат во општината и поднесат документи за да станат  легални такси превозници. Тој најави дека ќе започнат да конфискуваат и возила, што законодавецот го дозволувал.  

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »