речник контакт

Нелојална конкуренција во велешко има

Стопанствениците не знаат како и кој да ги заштити

Петар Печков

Велешките фирми   се запознаени со поимот  нелојална конкуренција, ама не знаат како да се заштитат. Ова го покажала  анкета спроведена  помеѓу 50 велешки  фирми микро,  мали, средни и големи, која е спроведена од  Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес. 

Спроведовме прашалник до 50-тина велешки фирми од различна големина.  Тие беа испитани од областа на нелојалната конкуренција, дали се запознати со поимот и со органот  кој нуди заштита  како и си постапката и право заштитата.  Испитаниците кажаа дека се судруваат со нелојална конкуренција и таа постои, меѓутоа  органот кој ја нуди заштита не го познаваат, не знаат како да се заштитат  - изјави  Сања Јорданова која го работеше овој проект.

Заради надминување на овие констатирани проблеми,   отпечатен е  и Водичот за улогата на комисијата за заштита на конкуренција и постапка за заштита од нелојална конкуренција,   кој на стопанствениците ќе им помогне да ги остварат своите права. Спроведената анализа и истражувањето се во периодот од јануари до мај оваа година.  Водичот  треба да им помогне на стопанствениците  за улогата на Комисијата за заштита на конкуренција и постапка за заштита на конкуренцијата.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »