речник контакт

Нема пари, нема плата, блокирана Железничка во Велес

Вработените во фабриката за шински возила ,,Колска,, 90 минути го блокираа железничкиот сообраќај во земјава

Петар Печков

Час и половина траеше штрајкот на вработените  од велешка ,,Колска,,  на Железничката станица во Велес.  За овие 90 минути беа сопрени три патнички воза,  на кои со жив штит нe им беше дозволено да го продолжат патувањето. 

Работниците од Фабриката за  шински возила ,,Колска,, на овој начин го изразија својот револт, поради  неисплатените плати, немањето средства за да можат да работат и не решавањето на статусот на Друштвото, кое е во државна сопственост. 

Последна плата која ја добивме е за јуни, од јули наваму немаме нити здравствено  осигурување.  Имавме повеќе средби со премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев, министерот  за транспорт  и врски Сугаревски за решавање и разрешување на проблемот со фабриката. Конкретни резултати нема а бараат трпение од нас.  Овој штрајк е израз на силниот револт кај вработените. Им се извинувам на патниците и барам и тие да не сфатат. Ние не бегаме од работа, сакаме работа. Се намалува бројот на вработени, некои починаа, други се во Болница. Овој притисок  со неисплатени плати, најмногу го  чувствуваме врз здравјето   – изјави Слободан Димитриевски претседател на синдикатот во ,,Колска,.. Во неа се вработени 126 лица.

Од договорот со Македонски железници, половина бил реализиран. Останале да се поправат уште 50 товарни и еден патнички вагон.  Владата пред две седмици донесе одлука финансиски да и помогне на ,,Колска,, со 15 милиони денари. Тие и по толку време не се добиени.

Сметката ни е блокирана од УЈП, средствата не се исплатени. Ни кажуваат дека се бара законски начин како тие да легнат , да се помогне но се во рамките  на Законот.  Бараме да се реши што побргу, оти сите имаме фамилии за гледање а без пари не с е живее.  Останува да се тера процесот за спојување со Македонски железници, оти тоа според нас вработените е единственото решение за ,,Колска,,. Ние бевме дел од нив и работиме за нив   - објасни Димитриевски.

Тој додаде дека бараат финансиска полиција да влезе во  ,,Колска,,  и да утврди како се работело, каде и за што  се трошеле парите. 

За време на штрајкот бројни беа реакциите на патниците од возовите кон Битола, Гевгелија  и Скопје, кои велеа дека не се информирани за тоа дека ќе има застој во сообраќајот и поради тоа доцнат, повеќето на лекар во закажан термин. Мораа да плаќаат такси па потоа патувањето да го продолжат со автобус. Од синдикалното раководство на ,,Колска,,  најавија дека утре, петок штрајкот продолжуваа со тоа што ќе протестираат час повеќе од денес, од  7 до 10ч.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »