речник контакт

Нема штрајк во ОУ Васил Главинов, во Коле Неделковски од утре во мирување

Просветните работници бараа зголемување на платите, како и укинување на казните на наставниците воведени врз основа на екстерното оценување

Петар Печков

Директорката на ОУ Васил Главинов ја демантираше вчерашната изјава на претседателот на СОНК за Велес, дека во нивното училиште некој штрајкува. 

 И во текот на вчерашниот ден и денес вторник, во училиштето нема штрајк.   Никој од професорите не го поддржа штрајкот на  СОНК.  Колегата кој зборуваше дека имало слаб одѕив, во текот на денешниот ден не беше  на работа, нашол замена - изјави директорката Лилјана Коцева.  Вчера во телефонски разговор  претседателот на  СОНК за Велес  Петре  Јорданов,  рече дека штрајкот имало и во ОУ Васил Главинов, но со слаб одѕив.

 Штрајкот продолжи и втор ден во средното училиште Коле Неделковски, каде повеќето од половината професори  од 80-те,  доаѓаат на работа но не држат настава. Тие одлучиле од утре, среда,  да го стават штрајкот во мирување, но нивните барања остануваат.

 Просветните работници бараат  зголемување на платите, како и укинување на казните на наставниците воведени врз основа на екстерното оценување. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »