речник контакт

Необична забава во кафе барот „Sport Kafe 11-ka“

Во неделата во кафе барот „Sport Kafe 11-ka“ се случи хуманитарна караоке забава која беше организирана од РОТАРАКТ клубот во Велес. [b]Ново во оваа вест: Слики за доловување на атмосферата![/b]

Зоран Николов

Во неделата во кафе барот „Sport Kafe 11-ka“ се случи хуманитарна караоке забава  која беше организирана од РОТАРАКТ клубот во Велес. Забавата беше реализирана како заедничко интерактивно „karaoke show“ на кое сите присутни пееја домашни и странски хитови, поддржани од специјален технички прилагоден „karaoke“ музички софтвер кој се проектираше на голем видео бим, а гостите покажаа дека се одлични пејачи и навистина одлично се дружеа на  ваа малку поинаква забава која се случи во нашиот град.
Дел од остварениот промет остварен во барот, како и средствата кои се собраа во текот на целата вечер во специјално наменета кутија се  наменети за 17-годишниот Митко Левков од Велес врз кого е потребно да бидат извршени оперативни зафати после претрпената тешка сообраќајна несреќа.
Идејата за поразлично и нестереотипно забавување од хуманитарен карактер реализирана од РОТАРАКТ клубот во нашиов град наиде на одлични критики од сите присутни, што е причина повеќе да клубот и понатаму да работи и реализира проекти кои ќе ги промовираат и афирмираат хуманите вредности, што впрочем претставува и една од водечките цели и задачи на РОТАРАКТ клубот во Велес.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »