речник контакт

Непознати имиња без кои животот денес не би бил ист

Со големите достигнувања не секогаш доаѓа и големата слава. Овој факт се однесува на многу неотпеани херои без кои не би го имале модерниот свет, но сепак го игнорираме нивното постоење.

Петар Печков

Така, сите знаеме дека Бел е човекот благодарејќи на кој користиме телефони, но кој слишнал за Елајша Греј. Тој работел на изумот истовремено со Бел, но вториот бил побрз во своето претставување. 

Кога станува збор за човекот кој измислил најмногу изуми, многумина ќе речат дека тоа бил Томас Едисон. Меѓутоа, Киа Силвербрук е човекот кој стои зад многу повеќе изуми од Едисон, многу од кои ги користите секојдневно. 

Луѓето грешат кога ги споменуваат само браќата Рајт како првите летачи. Истовремено, во 1901 година, еден германски имигрант, Густав Вајтхед направил повеќе мотори за летало кое веројатно функционирало и летало, но нема фотографија за неговото достигнување и луѓето не му верувале бидејќи бил имигрант. 

Доколку го обвинувате Адолф Хитлер за сè што направиле Нацистите, едно треба да знаете друго име - Антон Дрекслер. Овој човек бил основач на Нацистичката партија. 

Дали знаете кој прв го прелетал Атлантскиот океан? Тоа се двајца авијатичари - Џон Алкок и Артур Браун - имиња кои речиси не се споменуваат денес. Емилија Ерхарт била омилена авијатичарка на новинарите во изминатиот век, но нејзините достигнувања речиси биле затемнети од друга авијатичарка, Ејми Џонсон, која станала првата жена која сама летала од Англија до Австралија. 

Сите го знаеме Дарвин како таткото на теоријата за еволуцијата и природната селекција, но дручовек работел пред и истовремено на истата тема. Алфред Волис пишувал многу за природната селекција, а Дарвин учел и се инспирирал од него, но Дарвин станал популарен бидејќи напишал цела книга на темата. 

Многумина знаат кој го измислил телефонот или телеграфот, но колкумина знаат кој го измислил телевизорот? Тоа е Фило Фарнсворт, генијалецот кој на 21-годишна возраст го претставил изумот.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »