речник контакт

Не ни изразивте сочувство, се криете, па ги бришетe ФБ профилите, порача Росица сестра на трагично почината Фросина Кулакова од протестот во Кавадарци (фото видео)

За Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме правда и од таткото кој овозможил синот да го вози автомобилот без возачка дозвола

Петар Печков

Наместо да бришат ФБ профили,  човечки беше да се јават и изразат сочувство, порача Росица сестрата на трагично почината девојка Фросина Кулакова од протестот на плоштадот во Кавадарци. Сестрата побара одговорност и од таткото на лицето за кое се верува дека ја стори сообраќајката, бидејќи озвозможил  да управува автомобил, за кој немал сообраќајна дозвола. 

„Доделувањето на  државни фукнции не смее да се  сведува на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет,  кои своојот карактер и вредности  ги покажале во сопствениот живот, како граѓани, родители, како дел од заедницата. Лицата кои овозможиле нивните деца да учествуаат во кави кривични дела,  треба да одговараат за постапките на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели а функциите не смеат да бидат засолниште за  тие што не ги почитуваат законите ни во својот дом и надвор од него. За Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме  правда и од таткото. Првада за Фросина мораа да има,  за да не се повтори“ – порача  Росица Кулакова.  

На протестот „Прада за Фросина“ имаше бројни пароли, преку  кои пристуните  граѓани од Тиквешијата, порачаа дека „Фросина сме сите ние“. Тие со свирежи го искажаа нивниот револт од неказнивоста на одредени лица во правосудсниот  систем.  Во небо беа пуштени 22 балони, колку што години имаше трагично починатата девојка.  Имаше и три минутен молк.

„Патувај високо Фроси, твоите креации ќе бидат сега за ангелите“  - кажа Викторија Недева, другарка на Фросина, која беше моден дизајнер.  

Таа го загуби животот средата на 29 јануари, пред полноќ, на Партизанска во Скопје од возач кој го управувал автомобилот без возачка дозвола, во алкохолизрана состојба, со голема брзина, минал на црвено.  За таткото ова е убиство а  Росица , сестрата на Фросиина побара казни и за родителите на момчето, кое е во притвор оти се верува дека е сторител.  

И  на протестот во Кавадарци,  дојдоа родителите на Викторија Николова, девојка  од Радовиш, која пред три години го загуби животот на пешачки на Партизанска, пред Сити мол.

„Не успеавме да добиеме правда за нашата Виктроија, тоа да не се повтори во случајот со Фросина“ – кажа Славе Николов, татко на Викторија. Осудениот во овој случај доби четири години затвор.

Најголемата казна за кривичното дело „тешки дела  против безебдноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ беше изречена за сообраќајка во Велес, која се случи во декември 2022 година,  кога осудениот доби осум години зтавор, кога прегази 11 годишно дете, на пешачки, возејќи во алкохолизирана состојба и со двојна поголема брзина од дозволената. Во друга која се случи во јули 2017 возачот, при што смртно настрадаа три лица, велешанец доби 10 години затвор, пресуда изречена во Основен суд Штип, потвредена од Апелција.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »