речник контакт

Не очекува бериќетна година, првото бебе во Велес годинава е женско (фото)

Се родило три минути по полноќ. Тоа е трета рожба на Зорица и Ристе Николови

Петар Печков

   Женско бебе тешко 3,5 кг. долго 52 цм, е првото кое се роди во  Велес во Новата 2014 година, информираа од Велешката Општа Болница. Тоа е трета рожба на   Зорица  и Ристе Николови кои  имаат претходно две деца, ќерка  Верица на 12 и син Андреј  на 11 години возраст.

Породувањето беше на самиот дочек на  Новата година,  започна неколку минути пред полноќ и во три минути во новата година се роди здраво женско бебе . Се роди со царски рез, како и претходните две на мајката Зорица  на 32 год возраст. И мајката и бебето се во добра состојба – изјави гинекологот д-р Атанас  Василев, директор на Велешката Болница.

Минатата година во велешкот6о одделение за акушерство родени се 749 жени а дел од нив било наплив на жени од Струмичко, поради реновирањето на тамошната болница. Првото новороденче доби од градоначалникот Славчо Чадиев штедна книшка од 12 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »