речник контакт

Не учат информатика, бидејќи немаат компјутери

Учениците од руралните средини во Велешко се во дискриминирана положба бидејќи немаат комјутери на кои ќе работат и учат.

Петар Печков

Учениците од руралните средини во Велешко се во дискриминирана положба бидејќи немаат комјутери на кои ќе работат и учат. Оваа состојба беше потенцирана на седницата на Советот на општината, од каде надлежните побараа да се испитаат критериумите по кој се делат комјутерите, кои како помош ги добиваат училиштата во градот.

- Станува збор за тивка дискриминација. Како може во некои училишта да има и по педесетина компјутери а некаде ни по пет. Децата кои учат во селски средини не треба да ги казнуваме и хендикепираме во старт, со тоа што нема да знаат да работат со информатичката технологија – изјави Весна Стојанова, професорка и член на Советот.

Директорите на ОУ Рајко Жинзифов од село Оризари каде учат 340 деца и на ОУ Стојан Бурчевски Буридан каде се образуваат 180 ученика, жестоко реагираа на поделбата на опремата. И во двете школи има по четири компјутери, но без дополнителна опрема ниту пак интернет. Поради ова учениците немаат настава по предметот информатика.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »