речник контакт

Никако да започне петтото судење за убиството во Ореше

Од затворот од Идризово не можат да го донесат обвинетиот Ѓоре Петровски, оти немале слободно возило

Петар Печков

Никако да започне петтиот судски процес за убиството во село Ореше.  Како и пред еден месец, како и  во јули,  така и денес -четврток , не беше донесен обвинетиот Ѓоре Петровски од затворот Идризово, каде отслужува казна.  Судијката Тања Милева ја пренесе информацијата од надлежните во Идризово,  дека во затворот немало слободно возило, по што го закажа за средината на  ноември.

Објасни и покрај нејзините ургенции, дека се работи за предмет кој е стар девет години, кој предизвикуваше интерес кај јавноста, барањето на  бранителите  на обвинетите за судење во разумен рок, тоа не може да започне, и тоа по вина на затворот Идризово.  

На ова реплицираше адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој порача на шега, кога веќе затворот не го носи обвинетиот, тогаш  тој да го пренесе  до Велес. За  случајот ,,убиството во   Ореше,,  имаше   четири пресуда. Со првите две пресуди обвинетите  беа прогласени за виновни и добија по 12 години  затвор а  со третата  добија ослободителна пресуда. Со четвртата Горе Петровски  како  нарачател беше осуден на 13  години додека обвинетите браќата  Љупчо и Ордан Горгиевски беа осудени на по 10 години затвор. Апелациониот суд од Скопје ги врати сите   на повторно судење.  

Според обвинението браќата Ордан и Љупчо Георгиевски го усмртиле старецот Лазо Милошевски (71 год) на 2-ри декември 2005-тата година, додека тој во неговата куќа подготвувал вечера. Од соседниот двор од триесетина метри растојание околу 20,40 часот биле истрелани два куршуми од кои едниот завршил во Милошевски  и бил фатален за него.  

Старецот е пронајден мртов од соселаните следното утро.  Обвинителството смета дека убиството било извршено заради одмазда и за пари по нарачка на Ѓоре Петровски, кој  тогаш  живеше на Флорида во САД.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »