речник контакт

Никој не го виде голот на Лазаров

Раководството вложи жалба од која не очекува позитивен одговор. Одземен нерешен резултат на македонската селекција, германците незаслужено се радуваа

Петар Печков

 Во 59,47 минута од натпреварот Македонија - Германија шутот на Лазаров од 9 метри ја мина гол линијата. Откако топката се одби од стативата удри зад гол лијнијата по што излезе. Овој момент не го видоа судиите од Исланд, ниту пак го регистрираа камерите на српската телевизија.

Дури доцна синоќа македонските репрезентативци, откако овој момент почна д асе врти на домашните  телевизии, видоа дека им е одземен нерешен резултат. Раководството на ракометната федерација вложило жалба, но не очекуваат дека ЕХФ позитивно ќе одговори на неа, врз основа на досегашните искуства од слични ситуации.

По  се останува горчливиот впечаток дека Маекдонија незаслужено загуби. Но шансата за поправен и пласман во следната фаза е победа над селекцијата на Чешка, утре четврток.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »