речник контакт

Никој не кажува колку ќе трае санацијата на оштетениот железнички мост на река Црна, за чија обнова треба да се прави проект

За да се испита столбот на оштетениот мост, нуркачи работеле на темелите. Во четвртокот локалот наместо во 12,10 од Велес за Скопје тргна во 15,20ч.

Петар Печков

Стручните лица не сакаат да зборуваат за временски рок, колку време ќе се врши санација на мостот на реката Црна, кај Стоби. Затоа пак неофицијалните информации кои кружат кај засегнатите е дека за тоа ќе треба повеќе од 40 дена, колку што траеше претходната санација на првиот столб од мостот, кој се оштети октомври месец 2018 година.

Се зборува за период од  најмалку два месеци и тоа во зависност од временските услови, кои може да го зголемат периодот на работа.  

Но тоа што е познато е дека зголемениот дотек на вод на реката Црна придонел да се наруши стабилноста на столбот кој е оштетен. За тоа дека последните денови имало поголем прилив на вода во реката сведочат и рибарите кои се редовни посетители.  

„Причината за оштетувањето на мостот на реката Црна кај Стоби, на гредите носачи  е поместувањето на темелите  на едниот, среден столб, кој се наоѓа во коритото на реката. Тоа предизвикало деформација на горниот дел од мостот, одредени пукнатини и поместување на шините.  Тоа било индикатор дека нешто се случило со конструкцијата на мостот“ - вели проф. д-р. Горан Марковски декан на Градежен факултет Скопје.

Тој објаснува дека ваквите дефекти на темелите,  не може да се откријат додека не се случи  нешто на другите делови  од објектот.

За подобро да се истражат темелите на столбот, Македонски железници Инфраструктура, ангажирале нуркачи од МВР, кои требало да утврдат каква е контактната состојба на темелите со дното на реката Црна. Овие податоци биле потребни за изработка на Проект за санација на мостот.

Затоа пак железничарите присетуваат дека имало вработени кои пеш оделе по пругата, во целата должина,  за да констатираат дали е таа во возна состојба. Тие одамна биле повлечени од ваквите работни обврски. 

Оштетувањето на железничкиот мост на Црна кај Стоби, го актуализира прашањето со Железниот мост,  кој сега не постои а бил на  десетина метри до оштетениот. Преку него се одвивал сообраќајот се до 70 години од минатиот век, кога бил изграден бетонскиот,  сега оштетениот. И тој Железен мост како резерва во случај на оштетување бил чуван се до 2006 година, кога беше исечен иако Македонски железници тврдеа дека тие не дале согласност за тоа . Судот за ова не најде вина кај сторителите.

Состојбата со железничкиот сообраќај во земјава  е лоша. Во функција е една електрична гарнитура патнички воз, од кинеските,  која сообраќа по  три пати  на релација Велес - Скопје и исто толку назад.

Во функција се и две електрични патнички гарнитури, од кинеските. Едната функционира од Скопје до Градско а втората, која е во Гевгелија сообраќа до Неготино.  Така патниците од  двата воза дневно за Гевгелија имаат комбиниран превоз. Од  Градско до Неготино и обратно,  на делницата каде е оштетениот мост,  тие се префрлаат со автобус. Во Гевгелија има и една електрична локомотива, која може да послужи за превоз на стока до Криволак.   

Има најави дека можно е до понеделник, да се поправи една  од дизел патничките гарнитури кинески возови а со тоа да се воспостави и редуцираната линија од Скопје за Битола и обратно, која функционира со  по еден воз на ден,  наместо три.

За илустрација на состојбите во МЖ е вчерашниот пример, на пладневниот  патничкиот воз од Велес за Скопје кој требаше да појде во 12,10 ч. тргна во 15,20ч. Причина е што се менувале шини на делницата Велес - Рајко.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »