речник контакт

Нини купува акции во „Благој Ѓорев“

Српскиот бизнисмен Нини ја пикира велешката фабрика „Благој Ѓорев“. На големо купува акции од маслодајна. Веќе поседува близу 10% од капиталот на фабриката.

Аница Солева

Акциите се на име на неговата „Јака 80“, дознава А1 од извори од берзанскиот бизнис. Нини изминатиов месец секој ден купувал акции со што сега е меѓу трите најголеми акционери. Акциите на „Благој Ѓорев“ се продаваат по цена од 900 денари за една акција, што е за 15% повеќе од цената на почетокот од месецов. Од каде ненадејниот интерес на српскиот банкар за прехранбената индустрија? Влезот на Нини во „Благој Ѓорев“ доаѓа непосредно по неговото излегување од Комерцијална банка, од каде ги продаде речиси сите акции. Со тоа Нини доби слободни пари што мора некаде да ги инвестира. Велешката фабрика се чини како добар залак за ширење на неговиот бизнис поради нерасчистените сметки во имотната состојба на фирмата каде постојано ротираат две структури, едната ВМРО-вска другата на СДСМ. И двете имаат дел од акциите, ниедна не е доволно силна за да биде сигурна во врвот. Се очекува влегувањето на Нини да внесе дополнителни акционерски потреси во зависност од тоа со која од двете страни ќе се врзе банкарот. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=64609]А1[/url]

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »