речник контакт

Ниските температури не предизвикаа сериозни проблеми во водоснабувањето на велешани

Мал е бројот на пријавени смрзнати водомери, ниту имало дефект на водоводни линии

Петар Печков

Ниските утрински температури не предизвикаа сериозни проблеми во водоснабдувањето во градот, според информациите од ЈКП Дервен. Мал е бројот на пријавени оштетните водомери, овие три седмици од јануари, откако температурата во утринските часови се симнуваше под нулата.

„Од  почетокот на годинава од страна на граѓаните пријавени се 10 случаи на оштетени водомери од замрзнување, додека немаше ниеден случај на дефект на водоводни линии како резултат на ниските температури од почетокот на годинава“ – информираа од ЈКП Дервен на поставеното прашање. 

ЈКП Дервен при крајот на минатата година а по најавите на метеоролозите за ниски температури, со препорака до граѓаните да ги заштитат водомерите. 

 фото интернет

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »