Петар Печков
Објавено: вторник, 04 мај 2021
Трет пат за трета седмица, во велешко нема ново зарaзени со ковид-19 а оздравени се 14 пациенти. Ова зе податоци за изминатите 24 часа,кои ги објави Министерството за здравство. Или бројoт на активни случаи падна на 457 а досега биле заразени 5.411 лица.
Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа починати се три лица од Велес на 64 години, на 72 години и на 73 години. Со ова бројката на починати лица во велешко, од последиците на корона вирусоте е 169 лица.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 72 пациенти, од кои 56 се потврдени позитивни, шест сомнителни и десет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 26 пациенти, на Инфективно одделение се 40, на Интерно седум и во Модуларната болница 25.
Tweet |