речник контакт

Ниту пешаците не ги почитуваат сообраќајните правила

Четиринаесет лица од Велес не минувале преку улица на пешачки или минувале на црвено на семафорите

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда, 24 април, велешката сообраќајна полиција извела контролна акција, колку пешаците ги почитуваат сообраќајните правила. Таа покажала дека има граѓани, кои не ги применуваат во пракса,  не минувале на пешачки или минувале на црвено на семафорите.    

Од 10.00 до 15.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на пешаците кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле регистрирани 30 прекршоци, од кои 14 во Велес, 11 во Кавадарци и пет во Неготино. - информираше Верољуб Додески портпарол на СВР Велес.

На пешаците им е укажано на грешката и биле посоветувани каде и кога треба да ги минат сообраќајниците.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »