речник контакт

Нова книга афоризми на Атанас Крлевски – Крлук

Што не лечи времето, лечат билките на баба Рада. Баба Мара студира, неписмена е ама полага со заокружување. Една жена цвет, две жени букет, три жени цветен пазар. Мојот шеф е надвор од сите вери а не е атеист

Петар Печков


Минатиот месец во издание на ,,Македоника литера“, од Скопје излезе од печат новата книга афоризми ,,КРЛУК“ од Атанас Крлевски, афористичар од Велес. Крлевски е роден 1956-та во Ташкент  а во Велес живее од 1959-та година, тој е инженер по електроника и телекомуникации.  Со хумор и сатира се занимава од 1977 година а пишувал и за Остен. Денес соработува со сатирични списанија и интернет портали во Македонија и странство.   Автор е на две досега објавени книги афоризми ,,Крлевизми,, од 2009-та и ,,Окрлавени,, мисли од 2011-та година.

Најновата книга ,,Крлук,,  е поделена во 3 циклуси: Човек, Политика (сатиричнa )и Жена и во неа се застапени 380 афоризми. Во рецензијата  на книгата Ана Витанова Рингачева пишува: Афоризмот на Атанас Крлевски е крлук со кој недвосмислено успева да дофати барем една овца од стадото кое брои едвај два милиони. Налик на пастир во раката носи крлук направен од мудрост, искуство и сегашност на чиј врв стои зборот, моќно длето, кое иако надолу свиткано силно длаби до сржта на постоењето.
За посетителите на ТРМР Крлевски подарува неколку афоризми од новата книга ,, Крлук“ :

  Болните суети ги лечат само доктори по службена должност

   Вредам за тројца ама тие тројца не вредат ни колку за еден

   Главата страда од кажаното, а срцето од премолченото

 Духовната храна е лесно расиплива ако не се чува во ладни  глави

   Јас сум сосема обичен човек, затоа за луѓето сум необичен

   Ме учеа да сум свој. Сега ме прашуваат зошто на сум како сите

   Мојот шеф е надвор од сите вери а не е атеист

   Мојот карактер тешко се вари а сите ме јадат 

   Нашето куче има една маана, само мене ми е верно

   Подобро  еден грам здрав разум, отколку сто години искуство 

  Постојат луѓе што со сите се добри, тие се најлоши

    Баба Мара студира. Неписмена е ама полага со заокружување

  Во животот е како во сексот. Добрата позиција не е гаранција за успех

   Дедо ми од врба ми правеше свирче. Денес тоа се вика  перформанс

   Држам до науката. Затоа молчам како академик 

   За народот демократијата е кога власта е во негови раце.

За власта демократијата е кога народот е во нејзини раце  

  Каде оди овој свет? На кафенце!

  Македонецот од ништо може да направи нешто. Ама и  од многу нешта прави ништо !

   Најмногу зборуваат тие што лажат, додворувачите и политичарите!

   Ако жената го множи мажот со нула, наскоро ќе го дели со два 

   Ако не знаете дека жената е цвет а љубовта нектар, тогаш сигурно сте трут

   Една жена цвет, две жени букет, три жени цветен пазар

   Жената е како ѓавол ама без рогови. Мажот не е ѓавол ама може да има рогови

   Жените ќе го спасат светот. Ама моментално се на фризер

  Што не лечи времето, лечат билките на баба Рада.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »