речник контакт

Нова книга афоризми од Крлевски

Окрлавени мисли е втората по ред книуга на афоризми на велешанецот Атанас Крлевски. Денот по утрото се познава, ама јас спијам до два попладне.

Петар Печков

На крајот на август, 2011 год во издание на Македонска реч од Скопје излезе од печат новата книга афоризми ,,Окрлавени мисли,, Атанас Крлевски, афористичар од Велес.

Книгата е поделена во 3 циклуси: Човек, Политика (сатиричнa )и Жена и во неа се застапени околу 400 афоризми.

Ова е негова втора книга, првата ,,Крлевизми,, е издадне поре ддве години. Денeс е постојан соработник на неколку сатирични списанија и интернет портали во земјава и странство.

Крлевски е дипломиран инжинер за електроника и телкомуникации и работи во Македонски Телеком.

За посетителите на ТРМР Крлевски подарува неколку афоризми од книгата:
 
 Кога сум пијан, луѓето се оправдано дволични.

Денот по утрото се познава, ама јас спијам до два попладне.

Никако да го дознаам мојот коефициент на интелигенција. Во сите тестови наоѓам грешки.

Дупките на нашата улица три години ги покриваат медиумски. Во план им е, да ги покријат и со асфалт.

Мислам! Затоа сакаат да не постојам.

Кај нас е лесно да станеш некој и нешто. Посебно, ако не те бива за ништо.

Жената е како апстрактна слика. Колку повеќе ја гледаш, помалку ја разбираш.

Кога и реков дека е како риба, побара да ја позлатам.

За мене најубава споредна работа на светот е фудбалот. За жена ми , тоа сум јас.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »