речник контакт

Нова победа за футсал екипата на Велес

Ракометарите поразени од лидерот Пелистер, дома

Петар Печков

 Во шестото коло од Првата лига во футсал, екипата на Велес на гостувањето во Скопје  го  победи тимот на  Јувентус  Серва со 11:5. Стрелци на головите за велешани беа: Ферид Агуши,Трајче Трајков,Александар Глигоров,Зоран Левески. По оваа победа Велес е прв на табелата со  максимални 18 бода, заедно со екипата  на Шкупи.  Во следното коло, кое е игра на 5-ти ноември Велес дома ја пречекува екипата на Илирет од Куманово, која е петта со чест бодови. 

Во седмото коло од Супер лигата, ракометарите на  ГРК Борец дома загубија од лидерот Пелистер со    26:29, полувреме 14:15. Гостите во поголемиот дел од средба беа во водство а домаќините направија пресврт во 50-та минута кога поведоа со 22:20. Имаа и 24:22 за потоа повторно битолчани  со серија од 5:1, да  поведат 28:25 и стигнат до нови три бода. По пет гола кај ГРК Борец постигнаа Ордев, Андоновски и Илиев,   а шест Чантурија и пет Николиќ кај гостите.  Велешани и натаму остануваат при дното 8-ми со само пет бодови. Во следното коло Борец  му гостува нa Прилеп , кој е петти  со 12 бода. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »