речник контакт

Нова училишна зграда на ПОУ „Стојан Бурчевски-Буридан‘‘ во Отовица

Од есен во ова подрачно училиште ќе учат 12 ученика

Петар Печков

 По 10-месечна изградба,  во велешкото село Отовица беше отворено подрачното училиште „Стојан Бурчевски-Буридан‘‘, кое е второ монтажно од 20-те колку што ќе бидат изградени во Македонија.

Училиштето свечено го отворија министерот за образование Петар Кралев и градоначалникот на Велес Горан Петров. На  вкупна површина од 90 метри квадратни изградени се две училници, а има и една помошна просторија и тоалети.

Во старата училишна зграда оваа година се школувале осум, а во новата учебна година ќе бидат 12 ученици од прво до петто одделение.

Министерот Кралев изјави дека за реализација на проектот „Изградба на 20 нови училишта во рурална средини‘‘ МОН издвои 38 милиони денари, а во изградбата на ова училиште инвестираше приближно 1,9 милиони денари.

Општина Велес, пак,  обезбеди 800.000 денари за подготовка на локацијата и подлогата, како и за приклучоците за надворешната инфраструктура. Следува и целосно хортикултурно уредување на  просторот околу училиштето, а ќе бидат изградени и спортски терени, најави градоначалникот Петров.

Министерот Кралев рече дека МОН и натаму ќе соработува  со локалните самоуправи за подобар образовен систем, модернизирање на училиштата и за достојни услови за учење.

За наредната учебна година тој најави обновување на гимназијата „Кочо Рацин‘‘ и  на ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес.

Првото монтажно училиште беше пуштено во функција во септември минатата година во велешкото село Иванковци

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »