речник контакт

Нова фасада за детските градинки од Велес

Се поставува термоизолација на вкупна површина од 2826 метри за 5 објекти, рок на изведба три месеци

Петар Печков

Со европски пари   започнa изградбата на термоизолациони фасади   на објектите од детската градинка Димче  Мирчев од Велес. Пет од шесте објекти ќе добијат нов изглед, истовремено ќе бидат и енергетски ефикасни.   Ова е реализација од проектот „Енерџинет“  финасиски поддржан од ЕУ. Според Анида Цецева, директорка на ОЈУДГ „Димче Мирчев“, овој проект е од големо значење за градинката но и за заштита  на околината, оти  нуди долгорочени решенија. 

Нашите објекти не само што ќе добијат нов изглед, туку и ќе бидат енергетски ефикасни. Така  ќе се заштедат средства кои подоцна ќе се вложат во нови проекти - изјави Цецева. Вкупната висина на оваа инвестиција е 66.000 евра и опфатќа  пет клонови. Локалната власт изработува проект за клон лоциран во месноста Дворови,  со цел и тој да  добие термоизолациона фасада, со сите шест ќе добијат нов лик. Во нив престојвуаат над илјада деца од предшколска возраст. 

Изведбата на објектите  ја врши фирмата „Изгрев Инжинеринг“, а согласно склучениот договор работите треба да бидат завршени во рок од 3 месеци. Ќе се постави термоизолација на вкупна површина од 2826 метри за сите 5 објекти. На македонска страна Проектот „Енерџинет“ е поддржан од ЕУ со средства во висина од 227.192 евра, носители се Велес од  македонска страна и Лерин од грчка страна.  Учеството на општина Велес  е 15%,  а во преоктот ,,Енерџинет,, вклучени се и градовите  Прилеп до  Македонија и  од Грција  Ираклиа и Визалтија.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »