речник контакт

Нова цена на лебот

На прес конференција, најголемиот производител на леб во Велес, АД Жито Вардар најави нови повисоки цени на лебот. Од утре тој ќе се продава за 10 отсто поскапо.

Петар Печков

На прес конференција, најголемиот производител на леб во Велес, АД Жито Вардар најави нови повисоки цени на лебот. Од утре тој ќе се продава за 10 отсто поскапо.

- Поради повисоката цена на пченицата на светскиот и домашен пазар, приморани сме да ја качиме и цената на лебот од 20 на 22 денари. Сразмерно ќе бидат повисоки цените и на другите видови леб, додека белите пецива остануваат по старо - изјави Ристо Ташев директор на АД Жито Вардар.

Доколку трендот на поскапување на  пченицата продолжи и натаму, можна е нова цена во новата година.

АД Жито Вардар е најголемиот производител на леб во општината и пошироко, кој градот го снабдува со 19 илјади парчиња леб секој ден и задоволува до 90 отсто од потребите на граѓаните.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »