речник контакт

Новиот кинески воз промотивно извозе до Велес (фото)

Предаден во употреба тенискиот терен ,,Андон Ќосето,, во Градски парк, повеќе наменско игралиште во Караслари и водовод во Црквино

Петар Печков

 Новиот патнички електромоторен воз, промотивно ја извозе делницата Скопје - Велес и обратно. Беше преполн со  почесни гости а патници ќе  прими по три месеци, од крајот на јануари. Дотогаш кинеските стручњаци, кои се во Македонија ќе треба да  ги обучат македонските колеги.  

Новиот воз е електричен и ќе сообраќа на делницата од Скопје до Велес и обратно. Во зависност од потребите можно е да вози и до Гевгелија или Табановци. До крајот на годината ќе добиеме уште пет  патнички воза, еден електричен и четири моторни. Овие ќе се користат за патување до Битола,  Кочани и Кичево. Иако имаме нови возови,  нема да имаме нови цени  на билетите  - изјави  Никола Костов  директор на МЖ Транспорт.  

Така со  промотивно  возење, беше пуштен во користење новиот патнички воз на Македонски железници - транспорт.   Тој е набавен од Кина и е  првиот  од шесте,  кој стигна во Македонија. Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ. Него го управуваше машиновозачот  Никола Спировски,  кој три децении ја работи оваа задача и е еден од деветмината кој досега го совладале  управувањето

 Петнаесет дена траеше првичната обука. Продолжуваме и натаму оти ова е нешто ново, треба да се надградуваме. Нема голема разлика  од претходните со кој сум управувал. Како и другите локомотиви и овој е сличен, повеќе е  компјутеризиран  - вели  Спировски.    

Вкупната инвестиција за набавка на овие шест возови е 25 милиони евра.   На промотивното патување беше и кинескиот  амбасадор во Македонија, Вен Жен Шун и   премиерот Груевски,  како и  министрите, Ставревски, Мисаиловски и директорите на МЖ Транспорт и Инфраструктура. 

Со  набавката на овој нов електричен воз, со кој пристигнавме во Велес,  ќе им овозможиме на неговите жители поквалитетен превоз. Градот има многу вработени кои  патуваат со воз, и затоа верувам дека многумина ќе бидат задоволни од новите возови,  како и од реконструкцијата на Железничката станица која е во тек  - изјави  Груевски. Новиот патнички воз, има капацитет од 180 седишта и уште 120 за стоење, вкупно 300.  

При престојот во Велес, премиерот Груевски ги предаде во  употреба тениските игралишта во Градскиот парк, именувани ,,Андон Ќосето,,. Тие  се дел од поголем проект од изградба на тениски игралишта во Македонија. Тие се по прописите на Меѓународната тениска федерација,  со сертификувана акрилна подлога,  осветлени за ноќни натпревари оградени со 3,5 метри висока жичена ограда. Вредна 12 милиони денари.  Беше предаден во употреба и повеќе наменски спортски терен  во селото Караслари. 

За граѓаните на Велес ова е огромно значење. Изградените тениски игралишта претставуваат уште еден чекор во спортскиот развој на градот. Искрено се надевам дека токму од овие терени ќе произлезат тениски ѕвезди, на чии успеси ќе се гордеат не само Велешани, туку и цела Македонија. Верувам дека младите луѓе од Караслари од утринските до вечерните часови своето слободно време ќе го поминуваат натпреварувајќи се меѓу себе и учејќи ги вредностите на спортот и почитта кон противникот. Игралиштето ќе создаде таленти, на него децата ќе се дружат, ќе се борат и ќе знаат да истрпат порази - изјави градоначалникот Чадиев при предавањето на овој терен во употреба. Во употреба беше пуштен и водоводниот систем во селото Црквино. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »