речник контакт

Новиот парк кај Уред завршен

Реконструкцијата најавена дека ќе трае два месеци, заврши за 30 дена

Петар Печков

Заврши изведбата на новиот парк пред Уред.  Реконструкцијата на просторот заврши за еден месец, иако на почетокот од работите,  изведувачот ЈКП Дервен објасни дека ќе работат два месеци.   Реконструкцијата на овој простор, предизвика реакции кај граѓаните, по што беше свикана и трибина за  зеленилото на јавните површини во градот.  

 Во новиот парк  пред Уред засадени се 10 листопади и 27 зимзелени дрвја, 200 броја  грмушки и   400 садници цвеќе,. Поставен е и  систем за наводнување на просторот.   Исечени беа  само 18 дрвја – изјави Тања Ангелова раководител на РЕ Паркови и зеленило,  на недамнешна трибина посветена на зеленилото во градот. 

 Таму пак велешките екологисти порачаа ,, Потребен е квалитет не бројки. Односот 73 цвеќиња едно дрво е недоволен за градот,,. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »