речник контакт

Новиот театар во Велес

Кога ќе почне изградбата на новиот театар во Велес?

Аница Солева

Кога ќе почне изградбата на новиот театар во Велес? Одамна е изготвен проект за изградба на комплексен објект - Центар за култура, во кој ќе биде сместен новиот театар. Но кога ќе биде тоа? Театарот во Велес работи од 1948 година, а сегашната состојба е навистина застрашувачка. Зградата веќе е руинирана, да ти е страв да отидеш на театар, а камоли да изгледаш претстава. Секоја чест на актерите кои глумат во нашиот театар, под какви услови глумат. Навистина е жалосно за нив и за нас, Граѓаните. Па како ќе се воздигнува културата на Велешани ако немаат соодветен театар. Ама немало средства за почеток на изградба. Што да се прави, ќе почекаме, ние сме трпелив народ!

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »