речник контакт

Новиот железнички возен ред предвидува еден патнички воз помалку од и за Скопје

Поради ова ќе има нов распоред на утринските возови од Велес за Скопје

Петар Печков

Со новиот возен ред на Македонски железници предвидено е еден патнички воз помалку, на релацијата од Велес за Скопје и обратно, објави порталот мета.мк. 

Тој треба да започне да се применува  од 15-ти декември и според нацрт возниот ред за 2020-та се планира да се укине патничкиот воз кој сега поаѓа од Скопје во 4:15, а од Велес кон главниот град се враќа назад  во 6:10 часот.   

Поради ова ќе се изврши нов распоред на утрински возови помеѓу двата града, каде има најмногу патници.  Променето поаѓањето на утрински возови од Велес за Скопје, кои би тргнувале во 5:03, 5:45, 6:13 и 7:26 часот од велешката железничка станица.

Идната година меѓу овие два града би сообраќале по девет пара возови дневно во текот на целата година а сега се десет. Останатите релации остануваат без промени во однос на бројот на патнички возови.  

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »