речник контакт

Новиот SEAT Leon – Автомобил на годината за 2013 во Македонија

Жирито реши помеѓу 29 учесници и 8 финалисти довербата да му ја додели на новиот Seat Leon.

Петар Печков

Новиот Seat Leon,е официјалниот победник и носител на титулата „ Автомобил на годината"за 2013 година во Македонија. Со одлуката на жирито, НовиотSeat Leon се закити со ова престижно признание, кое претставува трета титула за овој  бренд во Македонија, по онаа од првата генерација на Seat Leon и SEAT Altea во период од 18 години.

Националното жири составено од шестмина членови, одлучи помеѓу 29 учесници и 8 финалисти својата доверба да му ја додели на Новиот Seat Leon. Да се биде најдобар помеѓу овие извонредни автомобилски креации, сите крајно дизајнесрко привлечни, удобни, комфорни, економични и еколошки прифатливи, е навистина заслужна привилегија.

Прецизната технологија и високо квалитетното инженерство претопени во емоции и медитеранскиот дух, го создадоа Новиот SEAT Leon како икона на дизајнот во својата класа.
Новиот SEAT Leon е конструиран на новата MQB платформа на Volkswagen групацијата, со поголемо меѓуосовинско растојание, овозможувајќи поголема просторност во внатрешноста како и во багажниот простор ( од 380L ), а пократок е за 52 mm и полесен за 90kg.

Во него се вградуваат шест TSI бензински и четири CR дизел агрегати со новaта Start/Stop технологија кој го прави високо економичен и со емисија на издувни гасови од само 99 грама што претставува импресивен податок за возило од оваа класа.

Како победник помеѓу своите браќа доби највисоки оценки во EURO NCAP тестовите со силни 5 звезди, освојувајќи високи 94 % за безбедност на возрасни и 92 % за безбедност на деца. Новиот SEAT Leon е прв во својата класа кој што вградува комплетни LED светла( долги , средни, позициони и светла за дневно возење) осветлувајќи го патот пред вас како да е ден, овозможувајќи максимална безбедност и
елеганција во ноќното возење. Исто така, новите системи за детекција на замор и Lane Assist системот дополнително ве чуваат при вашето патување.

Системот EASSY CONNECT со кој преку 5.8" екран чувствителен на допир се контролираат функциите за забава, комуникаци и функциите на автомобилот, како и SEAT профилот на возење кој овозможува избирање
на различни модуси на возењеECO,NORMAL,SPORT, INDIVIDUAL.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »