речник контакт

Нови две жртви од Велес, починати од компликации предизвикани од ковид-19

Црниот биланс на жртви од ковид-19 во велешко стиган до 29 пациенти, 13 за седум дена

Петар Печков


Две жени ноќеска починале на Инфективното одделение од велешката Болница, и двете позитивни на ковид-19, соопштија од  оваа здравствена институција.

Едната пациентка е на 57 годишна возраст, со прекумерна тежина и хипертиреоза, примена е на 25-ти октомври во тешка состојба со ниска сатурација а втората почината е жена на 86 годишна возраст со хипертензија, приемена е на 19-ти октомври - изјави д-р Весна Николоска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Ова се дваесетта и тринаесетта  жртва, жители на Велес за една седмица, починати од компликации предизвикани од ковид-19. Досега во велешко починаа 29 пациенти со коронавирусот.  

На Инфективно одделение хоспитализирани биле 41 пациент,  33 биел потврдено позитивни, за осум кои имале симптоми се чекаат резултати од земен брис а 13 пациенти се на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »