Петар Печков
Објавено: четврток, 21 јануари 2021
Денес четврток, во велешко има десет нови регистрирани случаи на заразени со ковид-19 а има 13 оздравени пациенти соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи е 307 а досега се имаат заразено 2.980 лица.
Денес има починато еден пациент жител на Лозово, на 56 годишна возраст, кој десет дена се лекувал на Инфективно одделение од велешка Болница. Ова е 101-от пациент од велешко кој починува од последици на корона вирусот.
Вкупно во велешка Болница се хоспитализирани 24, на Инфективно се 22 а на Интерно двајца пациенти. Од лежечките пациенти кои 22 се потврдени позитивни и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет пациенти.
Tweet |