речник контакт

Нови единаесет пакети со храна за велешани кои со во лоша материјална состојба

Пакетите беа од донации на граѓани и фирми, кој помошта можат да ја остават во Интернатот

Петар Печков

Единаесет пакети со храна беа распределени на социјално ранливите случаи, на семејства од Велес.  Пакетите ги поделија волонтерите на Црвен крст  - Општинска организација Велес, истите се наменски  при вонредна ситуација предизвикана од Корона вирусот.

Пакетите се направија благодарение на донациите на граѓаните и фирмите во пунктот во Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ кој функционира заеднички со Општина Велес. Поделените  11 пакети со прехранбени производи,  во најголем број  ги добија самохрани родители и на лица во тешка социјална ситуација, кој останаа без работа, поради состојбата во државата.

Апелот за донации останува и понатаму. Секој може да биде дел од хуманата акција за помош на нашите сограѓани. Истата може да се донира во Интернатот, од понеделник до петок - порачуваат од ОО Црвен крст Велес.

Иста ваква акција се изведе во средат, кога беа донирани шест пакети со храна, исто така за самохрани родители и семејства од социјален ризик.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »