речник контакт

Нови три случаи на позитивни со ковид-19 во Велес

Заболен уште еден здравствен работник од велешката Болница, втор од инфективното одделение

Петар Печков

Изминатите 24 часа се регистрирани 3 нови случаи на Ковид-19 на територијата на Велес, информираа од Центарот за јавно здравје. Така бројката на дијагностицирани пациенти со корона вирус во градот стигна до 62 лица. 

Се работи за едно лице вработено во инфективното одделение при  ЈЗУ Општа Болница во Велес и две лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката "Жан Митрев" после појавата на симптоми на Ковид-19 -  изјавија од велешкиот ЦЈЗ. 

Досега во Велс има  пет здравствени работници, три од Центарот за јавно здравје и две од Инфективното одделение на велешката болница. Во градот има 55 активни случаи позитивни на ковид-19. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »