речник контакт

Нови тројца велешани со ковид-19

Меѓу нив е уште еден здравствен работник од Центарот за Јавно здравје. Сите десетина теста на здравствените работници од Интерното одделение од велешка Болница, но и од раководството покажале негативни резултати на присуство на ковид-19

Петар Печков

Во изминатите 24 часа се регистрирани 3 нови случаи на ковид-19 на територијата на градот Велес.  Резултатите  покажале дека е позитивен  бил  брисот на еден  здравствен работник од Центарот за Јавно здравје (ЦЈЗ) со што бројката на заболени од оваа институција се покачи на три лица, две се здравствени работници, еден е во администрација. 

Поради тоа  ЦЈЗ од вторник нема да работи, ниту ќе се земаат брисеви а кога ќе продолжи со работа, дополнително јавноста ќе биде информирана. 

Се работи за 2 лица поврзани со веќе постоечки кластер членови на семејство на лице вработено во трговска дејност и еден  вработен во Центарот за јавно здравје Велес - информираа од оваа здравствена институција.   

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 58 лица .

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека  сите резултати на десетината здравствени работници од Интерното одделение покажале негативни резултати. Исто такви - негативни биле и на раководството на оваа здравена институција, директорот, главната сестра, и останатите лица од економскиот и правниот дел. 

Вчера негативни беа и резултатите на сите 12 вработени од Инфективното одделение на оваа Болница откако пред некој ден,  кај медицинска сестра беше констатирано присуство на ковид-19.  

Денес на ниво на држава потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава, а починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »