речник контакт

Нови тројца починати пациенти на Инфективно одделение

Бројката на починати лица со корона вирус во велешко се искачи на 36 пациенти

Петар Печков

Тројца пациенти, позитивни на ковид-19 починаа на Инфективното одделение. Еден е жител на Велес, една жена е од Градско и пациент од Стари град- Чашка. Со ова бројката на починати во велешко од корана вирус се искачи на 36 лица.
 
Вчера попладне почина пациент од Велес на 82 годишна возраст, со хипертензија и хронична анемија, лекуван 15 дена. Утринава почина жена жител на Градско на 82 годинашна возраст, лекувана три дена на одделение, во тешка општа состојба, со ниска сатурација, претходно лекувана од хипертензија. Третиот починат пациент е маж на 86 годишна возраст од село Стари град, исто така примен на одделение пред три дена, со ниска сатурација, без други пропратни заболувања - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  

На одделението има хоспитализирано 50 пациенти,   43 се потврдено позитивни, седум се сомнителни со симптоми, се чекаат резултати од земен брис а 16 пациенти се на кислородна поддpшка.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »