речник контакт

Нови четири заразени со ковид-19 во Велес и повторно „увезени“ од Скопје и Штип, четворица оздравени

Бројката на активни случаи во велешко останува 18 лица

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во Велес се регистрирани четири нови случаи на позитивни на ковид-19 а исто толку лица се оздравени, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.  Со тоа бројката на активни случаи во велешко останува 18 лица.

Од новите случаи три се жени и еден е маж.  Мажот работел во Штип и таму се заразил, како и двете жени кои работеле во Скопје. Трета жена била на рутински преглед, за нејзини потреби и е констатирано дека е позитивна а епидемиолошката анкета не може да каже од каде е заразена. Така продолжува  ситуацијата жители на градот да се заразуваат на работните места во соседни градови.   Сите четири лица кои се оздравени се од домашно лекување а по два негативни теста на земениот брис - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

Досега во велешко  вкупно заразени се 220 лица, оздравени се 189, починати се 13 а активни 18. Од активните случаи 16 се на домашно лекување а две лица се на Инфективно одделение.

На инфективно одделение хоспитализирани се  16 лица, од нив 14 се потврдено позитивни, вчера има донесено и еден велешанец. Останатите се лица од Кавадарци,  Свети Николе, Штип - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »