речник контакт

Нови 31 велешани од саботата се во изолација

Продолжениот празничен викенд седум прекршувања на полицискиот час, најмногу на Први во петокот, четири

Петар Печков

Порасна бројот на велешани кои се во изолација, откако на 2-ри мај беше соопштено дека има шест нови случи на позитивни со ковид-19.

Истиот ден на  31 лице им било врачено  решение за изолација а на три за самоизолација. Така заклучно со вчера бројката на лица од велешко кои се во изолација е 83 а во самоизолација се 36. Ова се бројките кои ги соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Продолжениот празничен викенд велешките полицајци регистрирале седум прекршувања на полициски час, при што најмногу четири имало на Први мај, петокот.

На прашањето дали во овие седум случаи имало малолетници, Додевски одговори дека нема регистрирано такви случаи.   

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »