Петар Печков
Објавено: четврток, 18 март 2021
Нови 46 случаи со корна вирусот во велешко се регистрирани во текот на вчерашниот ден а оздравени нема, соопшти Институтот за јавно здравје. Активни се 411 случаи а досега во велешки биле заразени 3888.
Од велешка Болница соопштија дека денес е починат пациент на 64 годишна возраст, од Велес, лекуван на Инфективно одделение три дена. Тоа е 119-та жртва на последиците од корона вирусот во велешко.
.
Bо велешка болница хоспитализирани се 58, од кои 50 се потврдени позитивни, двa се сомнителни и шест пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 36 пациенти, во Модуларната болница се 16 а на Интерно шест пациенти.
Расте бројот на пациенти на кислородна поддршка, денес се искачи на 28 пациенти. Од Болницата се испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
| Tweet |




