речник контакт

Нови 67 случаи позитивни на ковид-19 во велешко, оздравени се 51 пациент

Во велешко има активни 767 случаи, во Болница 80 пациенти

Петар Печков

Во велешко денес Центарот за јавно здравје Велес регистрира 67 ново заразени со ковид-19, со што вкупната  бројка достигна до 1665, оздравени  се  51 или  вкупно 844 лица. Во велешко има  активни 767 пациенти со корона вирус , 69 нив се  во  велешката Болница,  седум во приватни клиники 691 домашно лекување


Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешката Болница  е 80 пациенти, 69 се потврдени позитивни, 10 сомнителни и еден негативен, а  30 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение има  54 лица, на  Физикално 15 и на Интерно 11.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »