речник контакт

Новогодишно крадец работел во три смени во домовите на велешани

Лишен од слобода крадец од Велес, при претрес во неговиот дом пронајдени пари и предмети што ги украл

Петар Печков

Велешката полиција уасила лице за кое вели има докази дека сторил сериска кражба во повеќе домови на велешани. Не е прецизирано дали е тој сторител и на тешката кражба кој се случи ноќта на нова година, на  улица Васил Главинов. 

„На 05 јануари  во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода Љ.Ј. (36 год) од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес. По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршените кражби“ – соопшти  Ана МИлевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Од полицијата дополнија дека  Љ.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен  обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »