речник контакт

Ново повеќенаменско противпожарно возило за единицата во Велес

Вредно е 60 илјади евра и е донација од Дирекцијата за заштита и спасување

Петар Печков

Територијалната противпожарна единица од Велес доби ново повеќенаменско возило. Донацијата е од Дирекцијата за заштита и спасување. Се работи за возило марка фиат навара,  кое може да интервенира при пожари во градската средина, пожари на отворен простор и на сообраќајни незгоди на патиштата во градот и околината. Со ова теренско  возило, вредно 60 илјади евра, пожарникарите полесно ќе стигнуваат во високите и тешко пристапни делови на градот.  

Ова возило е добредојдено за високите делови на градот, каде има тесни улици но и за  шумските пожари. Тоа е  двонаменско.   Тоа значително ќе ја подобри нашата работа оти ќе се надмине проблемот со  пристап до одредени делови  на Велес  - рече Командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски. 

Освен вода возилото користи и пена за гаснење. ТПП единица доби и нови ножици –клешти  за сечење метал, со кои  брзо  се интервенира при   вадење на повредени во сообраќајни несреќи кои се чести на коридорот 10, каде велешките пожарникари често интервенираат.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »