речник контакт

Ново разбојништво на Бензинска во Велес

Од вработена со закана од нож одземени 84 илјади денари

Петар Печков

Во четвртокот наутро околу 4,20 часот, ограбена е бензинската пумпа на Макпетрол во центарот на Велес, кај  семафорите.  Според полицијата   разбојништвото го извршиле две лица кои биле маскирани со фантомка  и со нож ја нападнале вработената.  По закана за нејзиниот животи ги одзеле парите кои биле во касата, во висна од 84 илјади денари.  Истрчале од  просторија и избегале во непознат правец. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

Минатата година имаше  три  разбојништва  на бензински пумпи во велешко.  На 29 декември од бензинската кај Штипско џаде беа одземени  43 илјади денари, на 26 септември  од Бензинската пумпа на Макпетрол, кај селото Караслари  одземени се 85 илјади денари, на 11 февруари на бензинската на Макпетрол на автопат близу Велес  беа украдени 22 илјади денари.  Во 2012-та   имаше две разбојништва  на бензински пумпи, на 29 април на Макпетрол   кај Штипско Џаде беа украдени 26 илјади денари и на 13 февруари  на бензинската ОКТА кај Топилница беа украдени 820 илјади денари. Сите беа со закана  од пиштол и по двајца  маскирани разбојници а сторителите до денес  не се пронајдени.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »