речник контакт

Ново разбојништво на бензинска пумпа во велешко

Ова е втор вооружен грабеж на бензинска на Макпетрол за празничниот викенд. Овој пат одземени се 22 илјади денари

Петар Печков

Во неделата вечер  во 21,55 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на селото Караслари-Велес, поточно на бензиска пумпа 132 „Ашауа“ сопственост на „Мак Петрол“, од страна на непознат сторител, маскирана со фантомка на главата и ракавици на рацете, извршил  разбојништво над вработениот Ж.Ј.(1952) од Велес, при што му биле одземени 22.000 денари.

Сторителот влегол внатре во бензинската пумпа, и кон вработениот вперил пиштол заканувајќи му се по животот, му побарал пари, а откако ги одзел парите, кои биле во кутија на работниот пулт, побегнал во непознат правец.  СВР-Велес превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »