речник контакт

Ново слетување со автомобил, од автопат крај Велес

Тешко повреден скопјанец кој заврши во ендек

Петар Печков

Понеделникот попладне скопјанец излетал од автопат и извршил во ендек, при  што се здобил со  повреда на рбетот.  Сообраќајката според СВР Велес се случила  завчера (понеделник) во 17,40 ч. на делницата од автопатот Скопје - Градско, на влезот од Велес, кај бензинската на Макпетрол.  

Автомобил марка пасат со скопски регистарски таблички,  управуван од М.Н.(54 год) од село Долно Количани  Скопје, од засега неутврдени причини излегол надвор од коловозот , слетал во амбис и се забил во брег. Со возило на Итна помош е пренесен Хирушко одделение на велешката општа Болница  - изјавија од СВР Велес.

 портпаролот на Општа Болница Велес,  д-р Силвана Мишкова информираше дека  од страна на  дежурниот доктор се констатирани  тешки телесни  повреди, фрактура на рбетен пршлен и е задржан на лекување во Општа Болница Велес. По овластување на јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Велес.

 Ова е втора сообраќајка за еден ден на делницата од автопатот Велес - Неготино, понеделникот претпладне штипјанец загина откако излета со автомобилот  кај ТЕЦ Неготино.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »