речник контакт

Ново специјализирано мулти функционално возило за општина Градско

Набавено е преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, во висина од 4 милиони денари

Петар Печков

 Центарот за развој на Вардарски плански регион со седиште во Велес, на Општина Градско и го предаде на користење  новото специјализирано мулти функционално возило за чистење и одржување на јавната хигиена, противпожарна функција и подобрување на амбиенталниот воздух.

„Со новата современа механизација ќе се подобрат комуналните услуги, заштита на животната средина и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните во општината“ – соопштија од Вардарскиот плански регион.  

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.

Вкупната вредност на проектот изнесува денари 3.933.333 од кои 3.100.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а 833.333 денари од општина Градско како партнер и краен корисник во проектот.

фото Вардарски плански регион

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »