речник контакт

Нов в. д. директор на Центарот за јавно здравје Велес е д-р Анастасија Иванова

Таа по професија е доктор микробиолог, вработена во оваа здравствена институција од 2012-та година

Петар Печков

Вршител на должност директор на Центар за јавно здравје во Велес е д-р Анастасија Иванова.  Веста за ја потврди и самата Иванова. 

Таа по професија е доктор микробиолог,  вработена во оваа здравствена институција од 2012-та година. Последните години била началник на  лабораториска дејност која се извршувала во Центарот. Тој  ги покрива подрачните единици во  Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Свети Николе. 

Именувањето на д-р Иванова  од страна на министерот за здравство Венко Филипче доаѓа, откако пред  десетина дена најави разрешување на претходникот  директор Тони Димитриев, а по констатирани  неправилности од страна Државниот санитарен и здравствен инспекторат во Центарот,  откако тројца вработени од велешкиот ЦЈЗ беа  позитивни на КОВИД-19.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »