речник контакт

Нов железнички возен ред, по скратениот полициски час

Новина е што кон и од Гевгелија и Битола патничките возови сообраќаат и попладне

Петар Печков

Скратениот полициски час заради заштита од корна вирусот предизвика ново поместување на возниот ред на Македонски Железници АД Транспорт. Останува истиот број на патнички возови, но со тоа што дел се враќаат во сообраќај во попладневните термини. Овој железнички возен ред стапува на сила од утре.

За Битола има два патнички воза кои  од железничка станица Велес поаѓаат во 7,50  и 15,20, додека од Битола тргнуваат во 6 и во 12,51 часот и во Велес се во 8,20 и 15,24. За Гевгелија тргнуваат во 7,20 и 16,20. додека од Гевгелија поаѓаат во 5,40 и 15,10 часот а во Велес се во 7,25  и 17,01 ч.

Во сабота кон Битола и Гевгелија и обратно сообраќаат само утринските возови, кои нема да сообраќаат во понеделник наутро.

Од Скопје кон Велес патнички возови има во 9,15 и 13,20 додека од Велес кон Скопје во 6,40, 12,10 и 14,24 како и патничките возови кои сообраќаат од и кон Битола и Гевгелија.

И натаму не сообраќаат патнички возови на релациите кон Кичево, Кочани и Куманово.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »