речник контакт

Нов кров и детски забавен парк во Чашка

Амбасадата на Чешка го смени азбесниот покрив и опреми забавен парк во основно училиште во Чашка

Петар Печков

Се промени азбесниот кров и се поставија  елементи од забавниот детски парк во ОУ Тодор Јанев во населба Чашка. Ова е реализирано  со помош на Чешката амбасада во Македонија и нивна донација  на средства во висина од 320 илјади денари.

Со дел од средствата беа заменети азбесните плочи од покривот на училиштето со гипс картон на површина од 310 метри квадратни, а со преостанатите средства се изврши опремување за забавниот парк во непосредна близина до самото училиште, наменет за подобра рекреација и забава на учениците. 

  Проектот не е голем, но е конкретен и резултатите се видливи. Задоволен сум затоа што можеме и на овој начин на да поддржиме Македонија покрај нашата поддршка која и ја даваме на патот кон ЕУ -  истакна амбасадорот Рамеш,  чии   Чешки граѓани - даночни обврзници преку нивните средства помогнаа да се овозможат подобри  здравствени и забавни услови за најмладата популација во општината.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »