речник контакт

Нов обвинител во велешкото јавно обвинителство

Советот на Јавни обвинители по распишаниот конкурс ја избра за јавен обвинител Гордана Тодорова.

Петар Печков

 Велешкото Основно Јавно обвинителство се екипира. На вчерашната седница на Советот на Јавни обвинители  по распишаниот конкурс ја избра за јавен обвинител Гордана Тодорова. Таа досега работеше како советник во јавното обвинителство.

По распишаниот конкурс за уште еден јавен обвинител кој има завршено академија за обвинители, тоа место не е пополнето бидејќи никој не се јавил. Очигледно на посетителите на академијата не им се работи во провинција и сите би сакале да бидат во Скопје...

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »