речник контакт

Нов парен котел за греење на ОУ Блаже Конески

Повеќе од илјада ученици имаат потопли училници

Петар Печков

       Илјада и сто ученици од Основното училиште Блаже Конески во второто полугодие од учебната година се греат на нов парен котел. Тој   го замени  33 години стариот и дотраен котел, кој е вон употреба.

Од денес учениците ќе  следат настава во училници кои се загреани во согласност со стандардите. Навремено ќе започнеме со промена на инсталацијата која ја носи  топлата вода до радијаторите,д а се реновира благовремено во текот на летната сезона.  Треба да се обрне и внимание на енергетската ефикасност, топлината да не се губи непотребно. Затоа ќе се менуваат етапно и прозорите, во согласност со можностите на Општина Велес- изјави градоначалникот  Славчо Чадиев.

Два и пол месеци траеше постапката за замена. Средствата  за набавка и инсталирање, во висина од 2 милиони денари се обезбедени од Буџетот на општина Велес. Резервоарот собира 2,5 илјади литри вода а работи на нафта. Претходниот имал капаците од 1,5 илјади литри а со новиот училниците можат да се греат во подолг временски период. 

Студија изработена пред една година покажала дека за реновирање на ОУ Блаже Конески потребни се 300 илјади евра.  Тоа е последно изградено училиште во градот во 1982-та година, со самопридонес од граѓаните на Велес.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »